spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Одлично напредува изградбата на системот за наводнување Колибари во Кичево, досега...

МЗШВ: Одлично напредува изградбата на системот за наводнување Колибари во Кичево, досега изработен е околу 12,5 километри цевковод од вкупно предвидените 14,5 километри цевковод

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Кичево изврши увид во градежните активности од изградбата на системот за наводнување Колибари- Црвивци. Изградбата на системот за наводнување Колибари- Црвивци започна во месец мај минатата 2023 година. Преку овој систем се опфаќа наводнување до нови 160 хектари обработливо земјоделско земјиште, покрај Зајашка Река.

„Изградбата на овој систем се одвива добро, според планираната динамика. Од вкупно 14,5 километри цевковод, до сега изработени се околу 12,5 километри цевковод. Паралелно веќе се изработуваат и шахтите за хидрантите, а веќе набавена е и целокупната опрема која треба да се вгради во шахтите. Преку оваа инвестиција директно им помагаме на повеќе од 2.000 жители од селата Колибари и Црвивци, кој се занимаваат со земјоделство, обезбедувајќи  квалитетна вода за наводнување на земјоделското земјиште, а на тој начин го поттикнуваме земјоделското и одржливо сточарско производство“, изјави министерот Николовски.

Министерот Николовски истакна дека вложувањето во изградба на капитални инвестиции во водостопанството е една од значајните приоритети во нашата работа како министерство. Нашата посветеност, преку конкретни капитални проекти сме ја потврдиле во дело, сите овие години. Градејќи нови и реконструирајќи ги постојните системи за наводнување.

„Браната Конско целосно ја изградивме. Најголем водостопански проект изграден последниве 20 години во државата, но и најголемиот инфарструктурен проект изграден во гевгелискиот регион последниве 50 години. Сонот за изградбата на браната Конско, кој започнува уште од 1973 година, денес стана реалност“, изјави министерот Николовски.

Преку изградба на браната Конско се обезбедува потребната вода за наводнување на земјоделските површини, во текот на целата година. Преку ново вештачко езеро-акумулација и нов систем за наводнување, опфатени се околу 6.500 хектари земјоделски површини, со што наводнуваните земјоделски површини ги зголемуваме за пет пати. Инвестиција вредна повеќе од 40 милиони евра, средства на министерството за земјоделство.

Браната Конско е единствениот водостопански објект, каде веднаш по завршувањето на браната, само ден потоа, беа отпочнати и активностите за изградба на хидросистемот за наводнување Конско, истакна министерот Николовски.

„Хидросистемот Конско е еден од четирите системи, заедно со системите Пепелиште, Страиште, и Лисиче, кои како дел од Програмата за наводнување на државата ги реализаираме. Станува збор за досега најголемиот водостопански проект, кој се гради, и по површина и по вредност. Преку кој наводнуваме нови 13.500 хектари обработливо земјоделско земјиште, а вкупната вредност на проектот за изградба на сите четири системи изнесува 120 милиони евра“, изјави министерот Николовски.

Сите овие капитални инвестиции значат навремена достапност на вода за наводнување на земјоделските посеви. Значат зголемено домашно производство на храна и намалени трошоци за производство.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...