spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Работна посета на министерот Велковски на Кочани и Зрновци

МТСП: Работна посета на министерот Велковски на Кочани и Зрновци

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оставари работна посета на општините Кочани и Зрновци. 

Центарот за социјални работи во Кочани се соочува со недостакок на стручен кадар. Овој проблем се појавува во повеќе центри и е резултат на негрижата кон социјалните работници години наназад. Нови системски решенија во министерството се насушна потреба во наредниот период и стручните служби веќе подготвуваат решенија кои треба да донесат поедноставување на процедурите и заштеда на средства на министерството. 

Грижата за најмладите мора да биде исто така врвен приритет но оставени се без доволнен персонал кој ќе се грижи за нив и без доволно просторни капацитети. Во Зрновци во градинката “Бисерчиња” ќе се доградуваат капацитетите кои ќе значат зголемување на квалитетот на наставата и повеќе простор во зимските услови.

Велковски направи и увид во новата градинка која е во изградба 3 години а која од необјасниви околности градбата беше во застој. Се надеваме дека од септември градинката ќе ги прими своите први посетители.

Пензионерите во Кочани и Зрновци со идентични барања. Животниот стандард да се стави под контрола. Поскапувањата повеќе не се издржуваат. Повеќе од пола пензија оди на лекови, а нема ни средства за квалитетна исхрана. Сакаме вистинска грижа, а не само празни зборови. Не сме овдека од убавина! Пензионерите во другите земји го шетаат светот, а ние немаме пари да преживееме ни 15 дена – велат тие.

По изборите ќе се заложам за правда кон сите пензионери и ќе ги искористиме законските можности секој пензионер да ги користи поволностите кои му следуваат-им порача министерот Велковски.

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте