spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Состанок на Секторската работна група за животна средина и климатски акции

МЖСПП: Состанок на Секторската работна група за животна средина и климатски акции

Во воведното излагање, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова истакна дека нашата земја прави континуирани  напори за исполнувањето на политиките на ЕУ за заштита на животната средина, а Министерството за животна средина и просторно планирање редовно спроведува активности за заштита и зачувување на биолошката разновидност и за промоција на националниот систем на заштитени подрачја.

1 Состанок на Секторската работна група за животна средина и климатски акции

– Во изминатиот период Министерството за животна средина и просторно планирање направи значителен напредок и имплементира активности за валоризација или ревалоризација на природните вредности на заштитените подрачја, прогласувањето на заштитени подрачја и природните реткости во согласност со Законот за заштита на природата, спроведувањето на активностите на Националната стратегија за заштита на природата со акционен план (2017-2027) и Националната Стратегија за биодиверзитет која доби позитивни коментари од Европската комисија на скрининг процесот кој беше реализиран минатата година – рече Шукова.

На денешниот состанок на Секторската работна група за животна средина и климатска акција, учествуваа претставници од државните институции, претставници од Делегацијата на ЕУ и од граѓанските организации.

3 Состанок на Секторската работна група за животна средина и климатски акции

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Карпош: ,,Водно во Карпош-Карпош на Водно“ на КЦК

0
Во организација на Креативниот центар-Карпош, денеска, во дворот на ООУ,,Вера Циривири-Трена “, се одржа завршниот настан од проектот насловен ,,Водно во Карпош-Карпош на Водно“....