HomeМинистерстваМТСП: Велковски на средба со здружението Мобилност

МТСП: Велковски на средба со здружението Мобилност

spot_img
spot_img

Во рамките на средбите со здруженија на граѓани министерот Велковски оствари средба со Здружението ,,Мобилност,, Скопје.  Лицата со попречености во последните 7 години биле оставени на маргините во системот. За жал повеќе од 7 години никој не ги слушнал нивните барањa – беше истакато на средбата.

Не се откажуваме од барањето за подобар систем на заштита. Во државата услугата  персонални асистенти воопшто не е развиена сразмерно во сите општини – велат од Мобилност.

Во иднина заедно ќе работиме да се подобри законскиот систем и овие лица да имаат пристап до зголемени права и можности. Системски решенија се најдобрата мерка која може да ја оставиме зад нас – потенцираше Велковски.

Инаку, во државата нема Регистар за лица со попреченост кој би довел до креирање на паметна социјална политика. Стручните служби во наредниот период мора да работат на на вака база на податоци. 

Извор: Министерство за труд и социјална политика

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте