Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, одржа прес-конференција во врска со заокружувањето на изборните процеси на двојните избори во државата.
Во продолжение е интегралниот текст од прес конференцијата на премиерот Џафери:
Во својство на Премиер на Владата на Република Северна Македонија и одговорен за успешноста на изборниот процес на претседателските и парламентарните избори, имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за изборен инженеринг со вон-институционален меѓупартиски договор за гласање и надгласување во Државната изборна комисија во врска со симптоматичните приговори поднесените од страна на учесниците во изборите.https://www.youtube.com/embed/y2zROn-NeQg?si=SVGZQZBP0gTkilqg
Според извештаите, овие претензии за изборен инженеринг имаат за цел менување на соодносот на бројките во Собрание преку политички договор на маса.
Кредибилност на изборите и на демократскиот процес, прифатен и поздравен од сите партии и од меѓународната заедница, сега е во рацете на Управниот суд и јас ги поканувам сите институции да постапат согласно Законот, без партиски или политички директиви од која било страна, и да го штитат кредибилитетот на изборниот процес докрај, без да фрлат дамка врз волјата на граѓаните изразена на изборите.
Извор: Влада