Клиничката болница во Тетово доби креативен мурал што симболизира почеток на нов живот, кадешто се раѓаат новите генерации.
Министерот за здравство д-р Илир Демири потенцираше дека муралот е направен во соработка со невладината организација Лоја и упати голема благодарност до уметникот Ариан Џафери.
-Секоја една индивидуа, независно од кој сталеж и од која структура ако сака да направи добро дело може да се снајде во општеството, може да направиме уметнички дела, па и во болница, рече Демири.
Извор: Министерство за здравство