spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, март 2024 година

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, март 2024 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, изнесува 116.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21.9 %), Јавна управа и одбрана;задолжително социјално осигурување (21.3 %) и Образование (20.5 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано

во секторите: Рударство и вадење на камен (7.8 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7.3 %) и

Преработувачка индустрија (6.2 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2024 година, изнесува 40 496 денари.

Преземи го соопштението во целост

Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...