spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Евроатлантските интеграции на Западен Балкан од суштинско значење за регионалната стабилност

МНР: Евроатлантските интеграции на Западен Балкан од суштинско значење за регионалната стабилност

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на неформалниот Состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, во Прага.

Во фокусот на состанокот беа  актуелните безбедности состојби, со акцент на зајакнувањето на поддршката за Украина. Министрите се осврнаа и на одлуките кои треба да се усвојат на Самитот на НАТО во Вашингтон.

Османи се осврна на потребата од забрзување на евроатлантските интегративни процеси.

“Од суштинско значење е интегрирањето на Западен Балкан за консолидирање на стабилноста во регионот и превенирање од дестабилизирачки влијанија од трети страни. ЕУ перспективите на Западен Балкан треба да се сметаат како стратешка безбедносна политика”, нагласи Османи.

Воедно, Османи ги истакна веќе познатите позиции на нашата земја, нагласувајќи дека Северна Македонија е цврста во поддршката за Украина, од почетокот на руската агресија. Исто така, нагласи дека како кредибилна членка на Алијансата земјава веќе го надмина долниот праг од 2% од БДП за инвестициите во одбраната, а потенцираше и дека е силен поддржувач на политиката на отворени врати на Алијансата.

Извор: Министерство за надворешни работи

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...