Цените на услугите во секторот Поштенски и курирски услуги во првото тримесечjе од 2024 година пораснале за 3.8 % во споредба со првото тримесечје од 2023 година.
Во првото тримесечје од 2024, во споредба со првото тримесечје од 2023 година, цените на услугите за транспорт и складирање се на исто ниво. Според видови транспорт, цените за копнениот и цевководниот транспорт бележат пад од 0.1 %, додека кај поштенските и курирските услуги бележат пораст од 3.8 %.
Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пад од 0.7 % во одделот Телекомуникации.
*) Сектори: Ж – Услуги за транспорт и складирање и Ѕ – Услуги за информации и комуникации според Класификацијата на производи по дејности.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика