spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јавен повик за остварување на финансиска поддршка на студенти кои живеат...

МОН: Јавен повик за остварување на финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање за 2023/24 година

Врз основа на Законот  за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани (Сл. весник  на Република Северна Македонија бр.269/23 од 18.12.2023) за остварување на финансиска поддршка на студенти, кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година, Министерството за образование и наука, распишува:

ЈАВЕН ПОВИК

за остварување на финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година

Се повикуваат студентите кои не го оствариле правото на финансиска поддршка, а кои живеат надвор од местото на студирање и ги исполнуваат следните услови да се пријават на јавниот повик: 

1.   Кои се државјани на Република Северна Македонија;

2.   Кои имаат статус на редовни студенти;

3.   Кои се запишани на државните универзитети;

4.   Кои живеат надвор од местото на студирање и

I. Начин на пријавување

За добивање на финансиска поддршка кандидатите треба да се пријават електронски, на следниот линк: https://e-uslugi.mon.gov.mk/.

При пријавувањето, кандидатите во апликацијата треба да ги пополнат податоците во пријавата за стекнување на финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање( нема образец за пријава туку се пополнува директно апликацијата) како и да ја штиклираат изјавата за давање на согласност за обработка на личните податоци на студентот за финансиска поддршка на студенти, кои живеат надвор од местото на студирање.

И да се прикачат следните докази:

1. Потврда за редовен студент на државен универзитет;

2. Уверение за државјанство;

3. Лична карта или друг документ за идентификација;

4. Трансакциска сметка;

5. Доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање.

II. Рок за пријавување

Рокот за пријавување за редовните студенти трае 7 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.  

III. Останати информации

Стекнување за финансиска поддршка за корисниците, е во висина на месечниот билет за меѓуградски сообраќај од местото на живеење на студентот до местото на студирање, во износ не помал од 600 денари и не поголем од 1.200 денари месечно, за период од седум месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Средствата за финансиската поддршка се исплаќаат од Буџетот на Република Северна Македонија за тековната година, како паричен износ на трансакциските сметки на корисникот, на финансиската поддршка.

За студентите кои не се пријавиле или не ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка на претходните повици, Министерството за образование и наука, секој месец објавува повик, најдоцна до петтиот ден во месецот, кој повик трае седум дена од денот на објавувањето.

Министерството за образование и наука, по извршената проверка на податоците и доказите во рок од пет работни дена од денот на пријавувањето на студентот за добивање на финансиска поддршка, ќе утврди статус на прифатено или одбиено барање за финансиска поддршка, во самата апликација.

Студентот на кој ќе му се утврди статус на неприфатено барање во апликацијата euslugi.mon.gov.mk, а кој смета дека ги исполнува условите за добивање на финансиска поддршка, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка за студенти при Министерство за образование и наука, во рок од осум дена од денот на добивањето на статусот  на неприфатено барање на следната мејл адреса prigovorprevoz@mon.gov.mk

Приговорот треба да содржи податоци за подносителот на приговорот и тоа: име и презиме, единствен матичен број на граѓанинот, електронска пошта, адреса на живеење,  универзитетот на кој студира студентот и контакт-телефон и идентификациски број добиен при поднесување на апликацијата.

За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за финансиска поддршка на студенти, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка, преку Секторот за високо образование и тоа на следниот контакт: studentskiprevoz @mon.gov.mk

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...