spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиПрва Медицинска Синдикална школа во Велес

Прва Медицинска Синдикална школа во Велес

Во Велес се одржа Првата медицинска синдикална школа на која учествуваа 100 медицински сестри, техничари, доктори и останат медицински персонал од Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Велес и тоа од Здравствен дом Велес, Итната медицинска помош, ЈЗУ Општа болница Велес, Болница за белодробни заволувања Јасеново, медицинските сестри од Детската градинка Димче Мирчев од Велес.

На школата свое обраќање имаа ДМС Олгица Мојсова Пепелашева Претседателка на Синдикалната организација на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита во ЈЗУ Општа болница Велес, ДМТ Ангел Драскачев, ДМС Благојка Наневска, Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија Љубиша Каранфиловски и Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Учесниците имаа можност да слушнат за активностите на Самостојниот синдикат за здравство фармација и социјална заштита, активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија како и да слушнат стручни предавања од областите кои што се секојдневие на вработените во здравството.

Истовремено, беше презентирана и докторската дисертација на прим. д-р. СЦИ Никола Стојановски кој што доживеа 101 година, а дисертацијата беше презентирана од Олгица Мојсова Пепелашева од Педијатрија Велес.

Извор: ССМ

Прочитајте

Велес: Поддршка на учениците и менторите за одвоените награди

0
Општина Велес обезбеди финансиска поддршка за ученици и ментори со освоено прво, второ или трето место на државен, меѓународен или олимписки натпревар. Поддршка им...