spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Во време на дигитализација и брзи технолошки промени, социјалниот дијалог мора...

МТСП: Во време на дигитализација и брзи технолошки промени, социјалниот дијалог мора да биде поинклузивен и динамичен

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин се обрати на 112-та сесија на Меѓународната конференција на трудот, што се одржува во Женева, Швајцарија, која е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чијашто членка е и Република Северна Македонија.

Во своето обраќање, заменик министерот Хусејин се осврна на ефектите од дигитализацијата и брзите технолошки промени врз пазарот на трудот, поконкретно врз социјалниот дијалог.

„Во ваквата нова реалност, социјалниот дијалог мора да биде поинклузивен и динамичен. Традиционалните форми на социјален дијалог најчесто не се доволни за да се справат со новите предизвици. Затоа, потребно е да се развијат нови форми на дијалог кои ќе вклучуваат различни засегнати страни“, рече Хусејин.

Во овој контекст тој додаде дека социјалниот дијалог треба да биде проактивен и предвидлив.

„Тоа значи дека мораме да предвидиме и разбереме како технологиите ќе влијаат на пазарот на трудот и да се подготвиме за тие промени. Ова вклучува континуирана едукација и обука на работниците, како и развој на политики кои ќе обезбедат социјална заштита за сите работници. Социјалните партнери треба да работат заедно за да развијат стратегии кои ќе ги адресираат потенцијалните негативни ефекти од дигитализацијата, како што се губењето на работни места и зголемената несигурност“, дополни Хусејин.

Токму поради сите фактори, Хусејин смета дека посветеноста на социјалниот дијалог треба да биде посилна од кога било и притоа укажа дека Владите играат клучна улога во негувањето на добри односи со социјалните партнери, истовремено создавајќи правни и институционални рамки кои го промовираат и заштитуваат социјалниот дијалог. 

Заменик министерот Хусејин ја предводи македонската делегација на Меѓународната конференција на трудот во Женева. Како дел од делегацијата, која е трипартитна, освен претставници на министерството, како и секоја година, учествуваат и претставници на социјалните партнери кои се репрезентативни на национално ниво, односно претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија. 

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...