spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Министерот Дурмиши оствари средба со вработените

МЕ: Министерот Дурмиши оствари средба со вработените

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши денеска оствари состанок со државните советници и раководители на сектори и вработените во Министерството за економија и труд.

Состанокот се одржа со цел министерот Дурмиши да се запознае со вработените и со надлежностите и делокругот на работа на Министерството за економија и труд.

Министерот Дурмиши пред вработените истакна дека главниот фокус на новото министерство сега ќе биде поддршката на компаниите и индустријата, креирање на мерки за подобрување на бизнис климата, како и подобрување на правата на работниците и животниот стандард на граѓаните.

Побара од вработените со заеднички напори да работат за остварување на овие цели, се со цел бенефит да имаат сите граѓани во државата.

Извор: Министерство за економија

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...