spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Дигиталната трансформација е стратешки приоритет на новата Влада

МДТ: Дигиталната трансформација е стратешки приоритет на новата Влада

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски одржа брифинг за медиуми каде што на новинарите им ги соопшти идните планови и цели на министерството.

 ,,Нашите цели се: задоволни граѓани кои услугите ќе ги добиваат на брз, лесен и ефикасен начин, сузбивање на корупцијата, функционални институции, спречување на одливот на квалитетен кадар, слободен и развиен медиумски простор, како и заштитени податоци и системи“, рече министерот Андоновски.

Како што истакна, во првите 100 дена ќе бидат дигитализирани нови 20 услуги, од кои 10 ќе бидат за граѓаните, а 10 за бизнис секторот. Тие  ќе бидат достапни на редизајнираниот портал за услуги  uslugi.gov.mk

Времето за чекање по шалтери ќе биде минато, бидејќи како што рече, целта е во следните 4 години, секоја услуга да биде достапна само со еден клик.

,,Сајбер безбедноста ќе биде врвен приоритет на министерството за дигиталната трансформација. Поучени од минатото, ќе вложиме во дигиталната инфраструктура и човечките ресурси, со цел заштита на личните податоци на граѓаните“, рече министерот Андоновски.

Во однос на дигиталната алатка – балансер, министерот посочи дека таа заминува во историјата, бидејќи ќе се дава предност на професионалноста, квалитетот и образованието, односно т.н. мерит систем.

Извор: Министерство за дигитална трансформација

Прочитајте

Ѓорче Петров: Празничен Викенд – Магија, Радост и Заедништво

0
Празничната атмосфера оваа година започна токму од општина Ѓорче Петров, носејќи радост, среќа и заедништво за сите генерации. Викендот беше исполнет со низа активности...