spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Работна средба на Димитриеска-Кочоска со Петрова и Николовски – Eфикасноста во...

МФ: Работна средба на Димитриеска-Кочоска со Петрова и Николовски – Eфикасноста во прибирање на приходите во фокусот на работењето на УЈП и Царината

 Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со новоназначените директори на Управата за јавни приходи Елена Петрова и на Царинската управа Бобан Николовски.

„Ова е прва средба што ја одржуваме со првите луѓе на УЈП и Царината како клучни институции во прибирање на приходите во Буџетот. Ги поставуваме основите на работа и начинот на меѓусебна соработка со цел ефикасно прибирање на приходите и ефикасно управување со парите на граѓаните“, рече министерката за финансии.

На средбата заеднички е констатирано дека најзначaјно е подигнување на институционалните капацитети, вложување во човечкиот капитал и дигитализација на процесите. На таков начин ќе се постигне ефикасност во работењето, испорачување на квалитетни услуги кон граѓаните и бизнисот и повисоки стапки на економски раст.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...