spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Преку блиска соработка со бизнис секторот заеднички ќе креираме политики за...

МЕТ: Преку блиска соработка со бизнис секторот заеднички ќе креираме политики за поддршка на компаниите

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши денеска оствари состанок со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Менди Ќура.

На состанокот присуствуваа и дел од членовите на Управниот одбор и претставници на компаниите – членки на комората.

Целта на средбата беше прво запознавање на министерот Дурмиши со деловните субјекти членки на оваа комора, како и презентација на мерките, инструментите и активностите предвидени во Буџетот на Министерството за економија и труд до крајот на годината.

Министерот Дурмиши на состанокот истакна дека главниот фокус на Министерството за економија и труд од сега ќе биде блиска соработка со бизнис секторот преку која ќе се креирааат јасни политики за поддршка на компаниите.

Министерот на претставниците од Стопанската комора на Северопзападна Македонија им порача дека Владата и Министерството за економија и труд ќе ги поддржат сите иницијативи кои доаѓаат од страна на Стопанските комори, иницијативи кои што ќе значат пообрување на економскиот амбиент во државата, како и подобрување на животните услови на сите граѓани во Северна Македонија, односно додадена вредност во квалитетот на нивниот живот.

Како што потенцираше Дурмиши, соработката на Министерството за економија и труд со претставници на коморите во иднина ќе се одвива во сите фази на изготвување на закони, програми, стратешки документи и слично.
Оваа соработка вклучува земање во предвид и вградување на нивни сугестии, предлози и укажувања во сите документи и законски акти кои се изработуваат.

Министерот Дурмиши изрази надеж и сигурност дека во иднина ќе има интензивна соработка со бизнис заедницата, бидејќи бизнисот и економијата се најважен двигател во функционирањето на една држава.

Во дискусијата со претставниците од Комората на Северозападна Македонија  беа разменети мислења и за предизвиците и проблемите со кои се соочува бизнис заедницата со оглед на актуелните економски и политички случувања, како и за потребата од поголема вклученост во подготовка на законските решенија коишто директно го засегаат бизнис секторот.

Извор: Министерство за економија и труд

Прочитајте