spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Земјоделците од Овчеполието за прв пат после долги години ќе добијат...

МЗШВ: Земјоделците од Овчеполието за прв пат после долги години ќе добијат навремено вода за наводнување

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во работна посета на Овчеполието направи увид во количините на вода во системот за наводнување Брегалница.

– Сакам да информирам дека од системот за наводнување Брегалница во општините Свети Николе и Лозово процентуално со вода покриени се:

90% Црнилиште

90% Аџиматово

100% Делисинци

90% Сарамзалино

скоро 100% Лозово.

Наскоро очекувам сите овие места да бидат 100% покриени со вода за наводнување. – изјави Трипуновски.

Трипуновски потенцираше дека со правилна и сериозна работа може да се испорача вода за наводнување до земјоделците и покрај катастрофалната состојба на системите за наводнување.

Исто така во наредните неколку дена вида за наводнување на земјоделските површини ќе има и во останатите места во Овчеполието.

– Во претходните години водата пристигала на крајот од сезоната кога воопшто не е потребно да се наводнува, а сега имаме вода на самиот почеток кога е и најпотребна. Ние вистински се грижиме за македонските земјоделци! – заврши Трипуновски.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте