HomeМинистерстваМП: Средба Филков-Коцевски

МП: Средба Филков-Коцевски

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски на која се дискутираше за тековните активности на двете институции.

Обвинителот Коцевски ги презентираше состојбите и предизвиците со кои се соочува Јавното обвинителство, особено во сферата на дигитализацијата, недостатокот на човечки ресурси ,како од редот на обвинителите, така и стручната служба кои со години стојат непополнети.

Министерот Филков изрази подготвеност во рамките на своите надлежности да даде поддршка на активностите на јавното обвинителство во перидот кој претстои со цел унапредување на владеењето на правото во државата.

Извор: Министерство за правда

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте