spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЈА: Министерот Минчев оствари првични средби со претставници на граѓанскиот сектор

МЈА: Министерот Минчев оствари првични средби со претставници на граѓанскиот сектор

Министерот за јавна администрација, г-динот Горан Минчев, денеска оствари првични средби со претставници на граѓанскиот сектор, г-ѓа Неда Малеска Сачмароска извршната директорка од Центар за управување со промени (ЦУП) и Бранка Коцевска (ЦУП) проектен координатор, како и Симонида Кацарска  директорка на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) и Јулијана Караи  истражувачка (ЕПИ).

Министерот Минчев ги информираше присутните за приоритетните активности на новото МЈА, и ја истакна важноста од вклучување на сите засегнати страни во процесот на реформата на јавната администрација.

Од страна на преставниците на граѓанскиот сектор беа презентирани проектите на кои што досега имале остварена успешна соработка, а се однесуваат на принципите на добро управување и реформите во јавната администрација. Притоа, ги истакна  тековните проекти кои ги реализираат и понудија соработка и вклучување на новото министерство во процесите.

Истовремено, покажаа интерес да се вклучат во процесите во реформата на јавната администрација која што ќе ја координира новото министерство за јавна администрација.

Министерот Минчев, се заблагодари на придонесот и подршката што ја давале во досегашните реформски процеси и очекува соработката да продолжи и во иднина,  пред се давање експертска подршка на клучните реформски процеси на министерството за јавна администрација.

Извор: Министерство за јавна администрација

Прочитајте

МЕП: „Како политичари, наша задача е да ги насочуваме нашите народи...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, учествуваше на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој од 12-ти до 14-ти септември 2024 година, се одржува во Подгорица,...