spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Се консултираат јавноста и наставниците за организирање на пролетен распуст во...

МОН: Се консултираат јавноста и наставниците за организирање на пролетен распуст во учебната 2024-2025 година

Министерството за образование и наука информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно заокружување на процесот, од голема важност е мислењето на пошироката јавност, околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.

Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење.

Информираме дека со организација на пролетен распуст, наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Доколку пак се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025 година.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

МЈА: Известување за јавна расправа во рамките на 9. седница на...

0
Министерството за јавна администрација, Ве известува дека на 28 октомври 2024 година, со почеток во 10:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Северна Македонија, ќе...