spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Средба Лимани-Милер

МСПДМ: Средба Лимани-Милер

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Лесли Милер. 

Посебен фокус на средбата беа прашањата поврзани со заштитата на децата, проширувањето на системот на социјални услуги, ревидирањето на системот за детски додатоци, имплементацијата на Стратегијата за родителство, подобрувањето на условите во детските градинки и центрите за социјална работа.

Исто така, на оваа средба стана збор и за потребата од реактивирање на Националното координативно тело за заштита на децата на ниво на извршна власт, како и за организирање на мултилатерален дијалог со фокус на заштитата на децата во октомври оваа година.

На средбата беше постигната согласност за интензивирање на соработката во наредниот период.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МОН: Јаневска – Со измените на Законот за основно образование се...

0
Апсолутно сме против секаков вид на дискриминација во образованието, рече министерката Весна Јаневска во неделното интервју за радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето поврзано...