spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Преку теренски посети и надзор до побрза имплементација на активните проекти

МЛС: Преку теренски посети и надзор до побрза имплементација на активните проекти

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска имаше состанок со новиот директор на Бирото за регионален развој, Даут Мемеши.

 На состанокот се разговараше за реализацијата на тековните проекти за развој на планските региони, за развој на урбаните и на специфичните подрачја и за развој на селата што се финансиираат од Буџетот на државата, преку Бирото за регионален развој.  Министерот Перински воедно упати честитки кон Директорот Мемеши за преземањето на функцијата, со желба за заедничка успешна соработка за сите активни и идни проекти.

Министерот Перински истакна дека е од особена важност да се направат напори за што поефикасно реализирање на започнатите проекти, затоа што станува збор за инфраструктурни зафати во општините и во планските региони кои што ги подобруваат условите на живеење, особено во селата и во подрачјата со специфични развојни потреби.

Исто така на состанокот беше нагласено дека треба да се интензивираат теренските посети и надзорот над изведбата на проектите со цел тие да бидат реализирани во планираниот рок, согласно условите утврдени во договорите.

Квалитетната изведба е од особена важност за идната функционалност и одржливост на проектите кои што треба да им го олеснат животот на граѓаните. Во таа смисла, беше речено, Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, како орган во состав на министерството ќе ја интензивираат динамиката на работа со цел да им помогнат на општините и на планските региони за навремена и квалитетна изведба на инфраструктурните зафати во функција на локалниот и регионалниот развој.                                                     

Извор: Министерство за локална самоуправа

Прочитајте

МП: Прва јавна расправа за Предлог законот за кривична постапка

0
Министерството за правда во соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа-Мисија во Скопје, ја организираше првата јавна расправа за подрачјата на Апелационите...