spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииПотпишани договори за 94 проекти во општините низ цела држава

Потпишани договори за 94 проекти во општините низ цела држава

Почитувани,

СДСМ посветено работи на подобрување на условите за живот на сите граѓани низ целата држава, инвестираме во капитални проекти кои обезбедуваат локален економски раст и рамномерен регионален развој.

Заокружен е ТАВ проектот, потпишани се договорите за 94 проекти во вредност од 49,7 милиони евра, кои во следниот период ќе се реализираат во општините низ цела држава.

Проектите се финансирани преку ТАВ програмата, односно средствата наменети за изградба на аеродромот во Штип ги пренаменивме за инвестиции во општините.

Средствата се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, основни училишта, детски градинки и други проекти важни за развој на општините.

Продолжуваме посветено со инвестициите во инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво, за подобар живот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Велес: Награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта

0
Општина Велес ги награди најдобрите ученици од основните и средните училишта во градот. За освоено прво, второ и трето место на државни, меѓународни и...