spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јаневска - Дојде време да се работи по закон, ерозијата на...

МОН: Јаневска – Дојде време да се работи по закон, ерозијата на високото образование мора да запре

Во Министерството за образование и наука постојано стигнуваат поплаки за работата на одредени универзитети и факултети, но за ерозијата на високото образование се неопходни сериозни, транспарентни и законски засновани постапки, рече министерката за образование и наука во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ.

„Во моментов работиме на 3 пријави, за еден државен и два приватни универзитети. За кои универзитети конкретно станува збор, ќе говориме кога ќе имаме сериозни докази. Дојде време да се работи по закон. Нема да има селективност. Она што сега можам да го кажам е дека ќе следи реевалуација и реакредитација на сите универзитети“, нагласи министерката Јаневска.

Информираше дека Министерството за образование и наука на јавна расправа ќе стави и предлог за државни дипломи само во 9-то одделение и во завршна година од средно образование.

„Добивме нов е-дневник со средства од ЕУ, којшто е многу посовремен и поефикасен. Тој е во фаза на тестирање и одобрување и истиот овозможува печатење на свидетелства. Но реално, учениците имаат потреба од свидетелства само во 9. одделение и во завршна година од средно образование, за да го продолжат образованието или за да се вклучат на пазарот на труд. Можеби е подобро и поекономично, училиштата да ги печатат другите свидетелства, а завршните свидетелства да ги печати државата. И овој предлог ќе го ставиме на јавна дискусија“, појасни министерката Јаневска.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

МФ: Jанкуловски – Средствата од Унгарија општините ќе ги наменат за...

0
 По донесувањето на Законот за заем од унгарската Експорт-импорт банка, на почетокот на октомври ќе следи потпишување на Договорот за заем, по што се...