Вчера министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари работна средба со директорката на Светска Банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју.
На средбата, покрај тоа што, беше изразено задоволство од досегашната соработка и беше искажана намера за продлабочување на соработката, двајцата соговорници дискутираа и за прашањата поврзани со социјалните услуги и пензискиот систем.
Министерот Лимани ја информираше директорката Ју за одлуката на Владата за зголемување на пензиите.
Директорката на Светска Банка за Западен Балкан, Ју, пак, искажа подготвеност за обезбедување на експертска помош во изнаоѓањето на модел кој на најефикасен начин ќе овозможи зголемување на пензиите.
Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади