spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПремиерот Мицкоски оствари средба со амбасадорите на државите-членки на Европската Унија

Премиерот Мицкоски оствари средба со амбасадорите на државите-членки на Европската Унија

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денес оствари средба со амбасадорите на државите-членки на Европската Унија.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата на патот кон интеграцијата во Унијата.

Премиерот Мицкоски ги информираше амбасадорите за заложбите на Владата за спроведување на клучни реформи во правосудството, борбата против корупцијата, економскиот раст и инвестициите кои треба да ја приближат нашата земја до европските стандарди.

Амбасадорите на државите-членки на ЕУ ја потврдија својата поддршка за процесот на евроинтеграција на Северна Македонија и изразија подготвеност за понатамошна соработка и помош во реализацијата на реформските процеси.

Средбата заврши со согласност за натамошно интензивирање на соработката и зајакнување на билатералните односи во различни области од заеднички интерес.

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...