spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатена финансиската поддршка за предаден сончоглед во регистрирани откупни капацитети

АФПЗРР: Исплатена финансиската поддршка за предаден сончоглед во регистрирани откупни капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја изврши исплатата за предаден сончоглед од реколта 2023.

Исплатени се 389 лица со финансиска поддршка од близу 24 милиони денари. Средствата за оваа исплата се обезбедени од Програмата за интервентен фонд за 2024 година.

Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства кои во производствената 2023 година имаат засадени површини со сончоглед, а оствареното производство го имаат предадено во регистрирани капацитети за откуп директно или преку еден откупувач во период од 15.08.2023 – 30.11.2023 година.

Максималната прифатлива количина на сончоглед е 2500 кг / хектар, а поддршката изнесува 5 денари по предаден килограм. 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...