spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Меморандум за соработка - Во општина Јегуновце ќе се отвори канцеларија...

МДТ: Меморандум за соработка – Во општина Јегуновце ќе се отвори канцеларија за услуги „Една точка за услуги“

Административни услуги кои ќе се добиваат на брз и ефикасен начин, предвидува Меморандумот за соработка што го потпишаа министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, за отворање канцеларија за услуги „Една точка за услуги“ (ЕТУ).

Во прво време граѓаните ќе можат да ги добијат услугите како што се Уверение за државјанство, Уверение за податоци за стажот за осигурување, Образец М1/М2, историјат на работни односи итн.

,,Им излегуваме во пресрет на граѓаните, за остварување на нивните потреби и олеснување на животот. Наша цел е бенефит да има секој граѓанин, во секое село и секој град во државата“, порача министерот Андоновски.

Извор: Министерство за дигитална трансформација

Прочитајте

Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската...