spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Пелагонискиот плански регион има искуство и потенцијал за реализација на големи...

МЛС: Пелагонискиот плански регион има искуство и потенцијал за реализација на големи и иновативни проекти

Динамиката на реализација на тековните проекти во Пелагонискиот плански регион, како и поддршката од страна на Министерството за локална самоуправа за финансирање на нови проекти, беа дел од темите на средбата меѓу министерот за локална самоуправа, Златко Перински и Јосиф Балтов, директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

На средбата беше речено дека деветте општини од овој регион, полека, но сигурно го трасираат патот за подобрување на квалитетот на секојдневното живеење на локалното население. Притоа беа презентирани активните проекти за изградба на сообраќајна инфраструктура во Вардино, Демир Хисар, осовремувањето на комплексот Тумбе кафе – Смолево, реновирањето на болницата за респираторни заболувања во Отешево, поставените фотоволтации во старскиот дом во Прилеп. Истите се само дел, од низата проекти, кои во голема мера се резултат и на предлозите произнесени во рамките на серијата регионални форуми на локалната заедница, во рамки на Пелагонискиот плански регион.

„Пелагонискиот плански регион има искуство и потенцијал да реализира големи и иновативни проекти, а доколку се продолжи со започнатата динамика, верувам дека со поддршка на Владата општините исто така ќе покажат капацитетност и ќе имплементираат добри проекти што ќе бидат корисни за граѓаните, важно е што тие нема да имаат проблеми околу обезбедување на неопходна финансиска конструкција за нивна реализација“, истакна Перински.

Извор: Министерство за локална самоуправа

Прочитајте

МОН: Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

0
За продлабочување на соработката во областа на образованието и науката помеѓу Македонија и Романија преку нови заеднички иницијативи за поврзување на образовни установи, размена...