spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Покренавме иницијатива за одземање лиценци на две друштва за приредување игри...

МФ: Покренавме иницијатива за одземање лиценци на две друштва за приредување игри на среќа, законитост во работењето мора да има

Министерството за финансии денеска иницираше постапка за одземање на лиценците за приредување игри на среќа на две друштва, заради неисполнување на условите од издадените лиценци за приредување игри на среќа. Ова го соопшти на прес-конференција денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Како што појасни кај двете друштва е констатирано непочитување на законските одредби кои се однесуваат на исполнување на условите за поседување лиценца. Односно, како што рече, констатирано е дека не се платени давачки утврдени со Законот за игри на среќа и за забавните игри и Законот за данокот на личен доход.

Таа додаде дека до надлежните органи се поднесени и барања за утврдување на фактичката состојба со цел да се утврди дали и во колкав обем е оштетен Буџетот.

Како што беше соопштено на прес-конференцијата, Министерството за финансии поднесе и барање до надлежните органи за преиспитување на законитоста во постапувањето на приредувањето интернет игри на среќа што се однесува на исполнување на условите и поседување лиценца, согласно Законот од страна на друштвата кои приредуваат интернет игри на среќа.

„Станува збор за сериозна сума со која е оштетен Буџетот, затоа бараме разјаснување на сите дилеми и создавање фер услови за работа на сите исклучиво согласно законските прописи“, порача министерката за финансии.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МФ: Димитриеска Кочоска – Да обезбедиме влез на поголем број учесници...

0
Министерството за финансии и Македонската берза во наредниот период активно ќе работат на развој на секундарниот пазар за тргување со хартии од вредност со...