spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: Средба на министерот Муртезани со норвешката амбасадорка Мелсом

МЕП: Средба на министерот Муртезани со норвешката амбасадорка Мелсом

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани имаше средба со нерезидентната амбасадорка на Кралството на Норвешка во Република Северна Македонија со седиште во Белград, Н.Е. Кристин Мелсом.

Пристапните преговори, Планот за раст на Европската Комисија за Западен Балкан, билатералните односи и случувањата во земјата беа во фокусот на разговорите на денешната средба.

Министерот Муртезани изрази благодарност до амбасадорката Мелсом истакнувајќи дека иако Норвешка не е земја-членка на ЕУ,  таа е важен пријател и поддржувач во спроведувањето на приоритетите и стратешките цели поврзани со интеграцијата на земјата во ЕУ, што се гледа и преку Нордиската поддршка за напредокот на Северна Македонија, проект кофинансиран од Норвешка и Шведска, а имплементиран од УНОПС Скопје. Проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ го поддржува Министерството за европски прашања во одредување и приоретизирање на техничката помош која е потребна за пристапните преговори со ЕУ и во насочување на експертизата во критичните реформски области.

Преку овој проект беше дадена значителна поддршка во однос на координативната улога на институцијата во контекст на евроинтеграциите, градење капацитети, надградба на ИТ инфраструктурата и Центарот за обука, превод на законодавството на ЕУ од англиски на македонски јазик и обратно.

Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на билатералните односи и одржување на координации со Норвешката амбасада за ефикасно и добро насочено спроведување на билатералната развојна соработка.

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте

Гостивар: Асфалтирање и уредување на тротоарите на улицата Кеј Вардар

0
Започнаа подготовките за градежните работи за асфалтирање и уредување на тротоарите на улицата Кеј Вардар. Работите опфаќаат асфалтирање во должина од 303 метри со ширина...