spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: Средба на министерот Муртезани со чешкиот амбасадор Лудва

МЕП: Средба на министерот Муртезани со чешкиот амбасадор Лудва

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани се сретна и со амбасадорот на Чешката Република во Северна Македонија, Јарослав Лудва, со кого разговараше за односите меѓу двете земји, нашиот евроинтегративен процес во контекст на Планот за раст на Европската Комисија за Западен Балкан – механизам за поддршка на земјите од Западен Балкан во спроведувањето на реформите поврзани со приближувањето кон Унијата.

Министерот Муртезани се заблагодари за гласната и принципиелна поддршка на Чешката Република за европскиот пат на Северна Македонија и нагласи дека Министерството за европски прашања како надлежна институција за национална координација на евроинтегративниот процес и за координација на странската помош, продолжува да биде на располагање за дополнителна соработка и комуникација во врска со проширувањето на нашата билатерална проектна соработка.

Соговорниците ги разгледаа модалитетите за продолабочување на соработката фокусирана на размена на искуства во врска со искористувањето на фондовите на ЕУ, преговорите за пристапување во ЕУ, спроведувањето на правото на ЕУ итн. Тие ја реафирмираа одличната комуникација во рамките на Твининг проектите,  залагајќи се за што поголемо искористување на капацитите на чешките експерти во доменот на евроинтеграцијата. 

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте

Гази Баба: Поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација пред училиштата и...

0
Изминатиот период пред повеќе општински основни училишта и детски градинки поставивме вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. Со оваа активност ја зголемуваме безбедноста на граѓаните, а...