spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Продолжува поддршката на Германија во исполнување на обврските кон ЕУ

МЖСПП: Продолжува поддршката на Германија во исполнување на обврските кон ЕУ

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, имаше средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Петра Дрекслер.

Се разговараше за плановите и предизвиците со кои се соочува новата Влада, како и за превземените обврски во процесот на декарбонизација и користењето на обновливи извори на енергија.

germ2

Германија е традиционален поддржувач  на нашата држава во нејзиниот економски и демократски развој, вклучително и во напредокот и исполнувањето на обврските кон ЕУ и кон меѓународната заедница, затоа досегашната плодна взаемна соработка ќе продолжи во тој правец.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЕП: Размена на искуства и предизвици на патот кон ЕУ во...

0
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на дипломатска делегација на Турција во рамките на состанокот за споделување искуства во процесот на...