spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Средба на министерот Лимани со Генералниот секретар на Црвениот крст на...

МСПДМ: Средба на министерот Лимани со Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити.

На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу министерството и Црвениот крст и  развиените социјални услуги, како што се: помош и нега во домот, лична асистенција, дневен престој за стари лица со активно стареење и други. Истите се достапни за граѓаните на локално ниво, во местото на живеење на корисниците, а за чија реализација министерството има склучени договори за грант.

Генералниот секретар, Саити информираше и за останатите проекти на кои работи Црвениот крст, како услугата „Итно копче“, достапна за повозрасните граѓани, за функционирањето на Пунктот за бездомници „Момин поток“, како и други видови на поддршка на ранливите категории на граѓани.

Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на воспоставената соработка, преку проширување на обемот на заедничките проекти, кои ќе бидат во интерес на граѓаните и нивната благосостојба.  

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

Мицкоски: На Врховен суд си ставија човек од кожната фотелја од...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос најавените протести доколку членовите на Судски совет на...