Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со преставници на УНФПА во земјава.
Дискусијата се фокусираше околу трите клучни точки на соработка: родово базираното насилство, демографијата и младите.

Од страна на министерот Лимани беше искажана одлучност за преземање на активности и мерки за подобрување на состојбите во државата, додека пак, од страна на шефицата на канцеларијата на УНФПА во земјава, Афродита Шаља-Плавјанска беше искажана поддршка во однос на справувањето со предизвиците пред кои сме исправени како држава и како општество.
Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади