spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Средба на министерот Лимани со Националниот координатор на МОТ, Крстановски

МСПДМ: Средба на министерот Лимани со Националниот координатор на МОТ, Крстановски

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани се сретна со Националниот координатор на Меѓународната организација на трудот (МОТ), Емил Крстановски.

На средбата Националниот координатор, Крстановски се осврна на улогата на Меѓународната организација на трудот, чија што членка е и нашата земја, а како таква е обврзана конвенциите донесени на ниво на оваа организација ги ратификува и со тоа тие стануваат дел од националното законодавство.

Соговорниците разговараа за областите кои ги покрива соработката на министерството со МОТ, во делот на  социјалната политика, социјалната сигурност и социјалното осигурување, како и во делот на пензискиот систем и политиките за млади.

Двете страни се согласија за продлабочување на соработката и изразија подготвеност за унапредување на законските решенија, креирање на програми, планови и мерки кои би биле во интерес на граѓаните, на државата.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...