spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Преку креирање на заеднички економски политики и меѓусебна соработка ќе се...

МЕТ: Преку креирање на заеднички економски политики и меѓусебна соработка ќе се подобри конкурентноста на регионот

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во рамките на официјалната посета на Приштина, Република Косово денеска оствари средба со министерката за индустрија, претриемништво и трговија Розета Хајдари.

Главна тема на средбата помеѓу двајцата министри беше продлабочување на соработката помеѓу двете земји.

Министерот Дурмиши истакна дека фокусот на Министерството за економија и труд сега ќе биде креирање на конкретни мерки и политики за зголемување на конкурентноста на домашните компании не само на македонскиот пазар, туку и во регионот.

Министерот на средбата потенцираше дека унапредувањето на регионалната соработка е врвен приоритет на Владата, со главна цел подобрување на животниот стандард на граѓаните во Северна Македонија и во регионот.

Од исклучителна важност за земјите од Западен Балкан, како што потенцираше министерот е да се креираат заеднички мерки се со цел подобрување на деловната клима и конкурентноста на заедничкиот европски пазар.

Министерот Дурмиши на состанокот со министерката Хајдари нотираше дека преку „Берлинскиот процес“, во кој учествуваат земјите од Западен Балкан направени се сериозни чекори со кои се унапредува дијалогот помеѓу Владите, но и претставниците на бизнис заедницата.

Започнати се реформите со кои сите земји од Западен Балкан ќе се доближат до членството во Европската Унија.

Косово е значаен трговски партнер на Република Северна Македонија. По обемот на трговска размена, Косово е секогаш во првите дваесет најголеми трговски партнери, со кои Република Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена, додека во извозот е секогаш во првите пет најголеми трговски партнери.

Двајцата министери заклучија дека економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, како две соседни и пријателски земји, има сериозен потенцијал да се продлабочува уште повеќе.

Извор: Министерство за економија и труд

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...