spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Ќе се формира тело кое ќе истражи како се делеле парите...

Мицкоски: Ќе се формира тело кое ќе истражи како се делеле парите во време на Ковид кризата без критериуми, народот мора да знае каде оделе нивните пари

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се формира комисијата и ќе се испита како се доделувала ковид поддршката за компаниите, рече дека на владина седница ќе се формира тело кое што ќе истражи како и на што се доделувала помошта без критериуми во време на ковид кризата, потенцирајќи дека народот мора да знае каде се трошеле нивните пари.

Во периодот којшто следи на владина седница ќе формираме такво тело коешто во детали ќе ги истражи сите овие индиции, односно сето она што го имаме на располагање и не само таму и во Фондот познат како ФИТР во јавноста и сето тоа ќе биде изнесено пред јавноста. 

Јавноста треба да знае каде се трошат народните пари, вели премиерот Мицкоски.

Извор: Влада

Прочитајте

МЗШВ: Полагање на испит за добивање на лиценца за ПРОЦЕНИТЕЛ за...

0
Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит заради добивање на лиценца за процена на необработен тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО со 30 септември 2024 година. Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот...