Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2023/2024 година.
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:
- за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
- за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
- за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
- за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.
Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади