HomeМинистерстваМП: Филков - Нема да има поскапување на нотарските тарифи од 1...

МП: Филков – Нема да има поскапување на нотарските тарифи од 1 септември

spot_img
spot_img

 Министерот за правда Игор Филков иницираше постапка за повлекување на   одлуката за давање на согласност за зголемување  на нотарската тарифа којашто  беше  донесена од претходната Влада и поранешниот министер за правда Кренар Лога. Министерството за правда иницира постапка пред Владата да се анулира дадената согласност на тарифата што ќе претставува основа за непримена на донесената одлука.

Пред да се направат измени од ваков обем кои дирекно се одразуваат врз граѓаните и стопанството во државата, неопходно е отворање на широка дебата.

,, Според овие измени најголемо поскапување имаше кај составувањето на нотарски акти од помала вредност кои се чести кај граѓаните. Кај актите од стотици или илјадници евра речиси и да нема промени или покапувањето е минимално.Тоа не смее да се случи и затоа ги повлекуваме овие измени. Секоја одлука што дирекно се одразува врз граѓаните во иднина ќе подлежи  на широка дебата, односно пред да донесенеме каква било  измена, ќе слушнеме што мислат сите засегнати страни и како таа одлука ќе се рефлектира”,рече на денешната прес конференција, министерот за правда Игор Филков.

Извор: Министерство за правда

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте