spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за...

АХВ: Итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа од Хрватска, поради можно присуство на туѓо тело. Станува збор за говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок  на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година

Алерт нотификацијата за потенцијално небезбедните производи кои се увезени во земјава, АХВ ги доби вчера во доцните попладневни часови преку Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASFF – Window) со референтен број 2024.5845. 
Земја известувач е Република Хрватска, каде посочените производи се отповикани од промет. 

Ги повикуваме потрошувачите кои ги купиле посочените производи со овие сериски броеви, истите да не ги употребуваат, или да ги вратат на местото од каде што ги купиле, или пак нештетно да ги уништат.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Прочитајте

Велес: Фотоволтаични панели и за ООУ „Св. Кирил и Методиј“

0
Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ постави фотоволтаични панели на покривот на училишната зграда за производство на сопствена електрична енергија. Фотоволтаиците се донација...