spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Лaшкоска и Колев на средба за езерото „Младост“

МЖСПП: Лaшкоска и Колев на средба за езерото „Младост“

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лaшкоска одржа средба со градоначалникот на општина Велес Марко Колев на која разговараа за состојбите со загадувањето на водите на езерото „Младост“.

На средбата се разгледаа направените анализи на квалитетот на езерската вода, се зборуваше за изворите на загадувањето, се разгледуваа надлежностите на општина Велес и водостопанското претпријатие, како и можните конкретни мерки за заштита на акумулацијата Младост и околните водотеци.

Заменик министерката Лашкоска истакна дека МЖСПП ќе ги следи состојбите, а останатите надлежни институции треба да ги исполнат своите обврски пропишани со закон.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...