HomeСамостојни органиУЈП: Трговци и вршители на дејност регистрирајте го готовинскиот промет преку...

УЈП: Трговци и вршители на дејност регистрирајте го готовинскиот промет преку фискален систем на опрема(Фискални каси)

spot_img
spot_img

Мобилните екипи на Управата за јавни приходи вршат засилени контроли за фискализација, посебно за времетраењето на летните манифестации кои се одржуваат низ општините и туристичките центри каде се очекува зголемена посетеност на угостителските објекти, концерти, плажи, паркинг простори и друго.

Ги потсетуваме сите трговци и вршители на дејност кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, односно плаќањата се вршат во готово (готовински плаќања), да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет.

Во летниот период се организираат голем број на настани на отворени простори, како што се музички концерти, фестивали, настапи на уметници во дискотеки и ноќни клубови на територијата на цела држава. Управата за јавни приходи презема повеќе активности и мерки во насока на подобрување на усогласеноста во дејностите карактеристични за сезоната.

Без разлика дали сте ДДВ обврзник, ако вршите промет на добра или услуги во готово, должни сте да воведете и употребувате фискален апарат. Сите вие кои планирате да вршите дејност во летните манифестации треба да ги преземете овие чекори:

Извор: Управа за Јавни приходи

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте