spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски - Процесот на откуп на винското грозје ќе го следат...

МЗШВ: Трипуновски – Процесот на откуп на винското грозје ќе го следат инспектори од Земјоделскиот инспекторат за да се елиминираат сомнежи

„Бев дециден во текот на вчерашниот состанок со винарските визби, ова е изработено согласно Закон и никој не треба да го крши истиот. Треба да се почитува договорена цена и тука мислам дека беше обострано констатирана оваа ситуација дека нема да има отстапки“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при изјавата дадена во Неготино.

„Кога сме на тема винарски визби и процес на откуп сакам да потенцирам дека процесот на откуп на винското грозје ќе го следат инспектори од Земјоделскиот инспекторат како надлежна институција“, појасни тој.

Министерот додаде дека направен е план на секое откупно место да има распореден инспектор кој што ќе биде коректив на процесот.

„Сакаме да ги елиминираме и најмалите простори за сомнеж и за манипулација во делот на откуп. Едноставно целиот процес да се заснова и да се спроведе согласно правилата и Законот кој што постои“, нагласи Трипуновски.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...