HomeМинистерстваМОН: Јаневска - Засега нема потреба од приемни испити, но останува можноста...

МОН: Јаневска – Засега нема потреба од приемни испити, но останува можноста да се воведат во иднина

spot_img
spot_img


Ако го средиме целиот образовен систем до запишување на факултет во рок од една до две години, нема да има потреба од воведување на приемен испит за запишување на високообразовните институции. Ако направиме анализа, и поработиме со родителите и наставниците да оценуваат еквивалентно на знаењето, учениците да ја полагаат матурата така како што треба, нас приемни испити нема да ни требаат, затоа што двоен напор или двојна проценка не би требало да има, доволна би била едната.

Ова го изјави министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во интервју за новинската агенција Мета, одговарајќи на прашањето дали ќе се воведуваат приемни испити на факултетите. 

– Матурата е воведена како една алатка која ќе го заокружи знаењето во средното образование и која би требала да ги рангира учениците за да знаат кои се нивните постигнувања, дали се одлични, дали можеле подобро или нешто пропуштиле, но и да ги ориентира кон одредени струки. Во Европската унија, матурата е алатка која им овозможува да се определат за одредени понатамошни академски студии, рече Јаневска, додавајќи дека кај нас за жал, целото образование и основното и средното не ги даваат знаењата, вештините и компетенциите кои учениците треба да ги имаат.

Овој проблем е мултифакторен, напомена Јаневска, посочувајќи дека не можеме да се насочиме само на учениците, само на наставниците или родителите, тука има многу фактори кои влијаат.

– Треба да ги одредиме тие фактори кои влијаат, но еден е многу јасен оценките на нашите ученици не се еквивалент на нивното знаење. Сите наши ученици имаат петка, а знаењето им е од двојка до петка. Тоа е еден многу лош начин за да се воспитуваат и образуваат децата. Оваа година кога малку ја заостривме матурата, односно контролата на матурата средните оценки на матурата паднаа во однос на претходните години, рече министерката.

Извор: Министерство за образование и наука

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија