spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во Куманово...

МОН: Регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во Куманово прераснува во модерна образовна установа

Регионалниот центар за стручно образование и обука во Куманово на младите од овој дел на државата им нуди можност за извонредност во неколку сектори, а за возрасните овозможува неформалното образование, преквалификација како и валидација на неформалното и информалното учење. Оваа крупна капитална инвестиција во која се вложени околу 2 милиони евра, опфаќа целосна реконструкција на училиштето и интернатот и ја реализиравме со поддршка на Европската унија, преку ИПА фондовите, рече заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу по посетата на Центарот.

Министерството за образование и наука спроведува постапка за набавка на опрема, односно клупи, столчиња, табли, плакари за центрите за стручно образование и обука и во Куманово и во Охрид, за да можат од септември да бидат целосно во функција за квалитетна настава.

„Ние сме мала земја што мора повеќе од другите да ги искористи сите ресурси, за да се развива и напредува. Затоа посебно внимание посветуваме на унапредување и заокружување на системот на стручно образование што подготвува кадри способни за брзо вклучување на пазарот на трудот, но истовремено со знаења и вештини за успешно продолжување во високото образование. Заедно со повеќе институции, бизнис заедницата и експерти работиме на финализирање на Законот за стручно образование и обука, со кој системски ќе се уреди дуалното образование. Тоа ќе го олесни функционирањето на центрите како овој и ќе овозможи тие да бидат извори на знаење, иновации и успешни кариери“, посочи Алиу. 

Осврнувајќи се на активностите за подигнување на квалитетот на целиот воспитно-образовен систем, a во тие рамки и на средното стручно и дуалното образование, заменик министерот Алиу укажа дека тоа ќе овозможи од година во година да расте атрактивноста на учењето преку работа. Во оваа насока, значајно е и унапредувањето на соработката со локалните бизниси и усогласување на наставните планови и програми со нивните потреби, за да може да се обезбеди кадар со релевантни вештини.

Заменик министерот Алиу очекува од септември Регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во Куманово да биде место каде учениците ќе имаат можност да се образуваат и да развиваат вештини кои ќе им помогнат во нивната иднина.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте