HomeМинистерстваМОН: Јаневска - Нови 28 училишни спортски сали ќе бидат изградени во...

МОН: Јаневска – Нови 28 училишни спортски сали ќе бидат изградени во следните три години

spot_img
spot_img

Министерството за образование и наука во следните три години ќе изгради нови 28 училишни спортски сали во Македонија, во различни општини. Согласно планот, се предвидува активностите да започнат во 2025 година и до крај на 2027 да ги завршиме сите објекти, за што, според пресметките ќе биде потребен буџет од околу 560 милиони денари.

Ова денеска го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска за време на увидот во градежните активности за изградба на спортска сала во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во с. Булачани, каде беше заедно со градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Кога се работи за најмладите, ставот на Владата е јасен, поддршката е безрезервна и се водиме по нивните најдобри интереси. Затоа што само така можеме да им создаваме подобри услови за образование и живеење во Македонија, посилно чувство на припадност во општеството и мотив да останат и понатаму да помогнат во развојот на државата“, рече Јаневска, додавајќи дека мора сериозно да се работи на сите полиња, за да се стопира процесот на иселување на младите.

„Податоците се поразителни. Во месец мај во училиштата се запишале 17.200 првачиња, или за 500тини помалку од лани. Државата не може да има иднина, ако овој тренд продолжи. Ќе се потрудиме да ги промениме состојбите, да ги задржиме нашите граѓани да останат тука и да бидат задоволни од условите за образование, за работа и живеење“, рече министерката.

Извор: Министерство за образование и наука

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија