spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски - Министерството ќе биде пример на институција која ќе воведе...

МЗШВ: Трипуновски – Министерството ќе биде пример на институција која ќе воведе највисоки стандарди за сајбер безбедност

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со претставници од американската амбасада, од Агенцијата за меѓународен развој на САД – УСАИД и од програмата CIDR (Critical Infrastructure Digitalization and Resilience).

CIDR е регионална програма поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на УСАИД. Преку оваа програма се дава поддршка на критичната инфраструктура, јавен сектор и други значајни институции за воведување на најдобри практики, стандарди, и соодветно законодавство за сајбер безбедност, како и на градење на капацитети за зголемување на отпорноста од сајбер напади.

Една од значајните активности на програмата CIDR е поддршката на министерството за имплементација на системот за управување со информациска безбедност. Во рамки на поддршката предвидени се и обуки за сите вработени со цел да се зајакнат капацитетите и да се подигне свесноста за ризикот од сајбер напади.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде пример на институција која ќе воведе највисоки стандарди за сајбер безбедност“, истакна Трипуновски.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Гази Баба: Поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација пред училиштата и...

0
Изминатиот период пред повеќе општински основни училишта и детски градинки поставивме вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. Со оваа активност ја зголемуваме безбедноста на граѓаните, а...