spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Работна средба со директорот на Царинската Управа

УЈП: Работна средба со директорот на Царинската Управа

Директорите на УЈП и ЦУ, Елена Петрова и Бобан Николовски заедно со претставници од двете институции на работната средба што завчера се одржа во просториите на Царинската Управа посочија дека се работи на унапредување на условите за водење бизнис, како и на жестока борба против сивата економија со фокус на системски мерки и активности, меѓу коишто е и понатамошна интеграција на системите на Управата за јавни приходи со системите Царинската управа.

Ваквото вмрежување на УЈП и ЦУ и со подоброто користење на податоците ќе овозможи рано детектирање на даночни неусогласености и злоупотреби – истакна директорката Елена Петрова и посочи дека планираните нови деловни процеси во УЈП, меѓу кои и е-фактура, ќе придонесат на пазарот да опстојат само компаниите кои се даночно дисциплинирани, елиминирајќи ги оние кои се надвор од формалната економија.

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски истакна дека фирмите кои работат во рамките на неформалната економија стравуваат да влезат во радарот на царинските и даночните служби, а наша задача е да ги сузбиеме ваквите појави.

Покрај потребата од поголема координација, размена на податоци и поврзување на системите се со цел сузбивање на сивата екомомија, на состанокот се разговараше и за можностите за споделување на искуства во делот на работата со масовни податоци и заштитата на системите и податоците.

Извор: Управа за Јавни Приходи

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...