spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Потпишан договор за грант со ЕУ за формирање на прв Национален...

МДТ: Потпишан договор за грант со ЕУ за формирање на прв Национален центар за побезбеден интернет – MkSafeNet

Во рамки на програмата „Дигитална Европа“, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска во EU House го потпиша договорот за грант со Европската Унија, за основање на првиот Национален центар за побезбеден интернет – MkSafeNet. Настанот се одржа во присуство на aмбасадорот на ЕУ во земјата, Дејвид Гир и партнерите на проектот.

Како што истакна министерот Андоновски, со ова се прави решителен чекор кон создавање на побезбеден дигитален простор за сите граѓани а особено за младите, со оглед дека, во ерата на рапидна дигитализација, безбедноста на интернет не е луксуз, туку неопходност.

Проектот ќе биде финансиран со грант од 673,354 евра од Европската Унија, дополнет со значително кофинансирање од Владата во износ од 10,788,800 денари за 2025 и 2026 година.

MkSafeNet ќе се реализира во текот на наредните 18 месеци и ќе вклучува студија со акциски план за конкретни обврски на секој од засегнатите чинители, формирање на Центар за подигнување на свесноста од заканите на интернет, телефон за помош (Helpline), младински панел и советодавен одбор.

„Овој проект не е изолиран чекор, туку е дел од пошироката стратегија на Владата за дигитална трансформација на Македонија. Заедно со сеопфатните политички и стратешки документи и регулатива, центарот е камен во мозаикот на нашите заложби за реформи во процесот на вистинска дигитализација,  евроинтеграции и претставува конкретен пример за тоа како соработката со ЕУ носи директни придобивки за нашите граѓани“, рече министерот Андоновски.

Проектот е целосно усогласен со EU Digital Services Act и стратегијата Better Internet for Kids (BIK+).

Извор: Министерство за дигитална трансформација

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...